Шкендија со пресврт до трите бода во Струмица

фото: фејсбук

Екипата на Шкендија со 2:1 ја совлада Академија Пандев во првото коло од пролетниот дел од Првата фудбалска лига.

Шампионот Шкендија со триумф го започна вториот дел од сезоната. Тетовчани со 1:2 славеа на гостувањето кај Академија Пандев во 19. коло и ја врати негативата од осум бода зад лидерот на табелата, Вардар.

Академија Пандев поведе уште во петтата минута со голот на Дејан Миловановиќ, но тоа беше се што стори домашниот тим.

Иницијативата ја презедоа фудбалерите на Шкендија, и веќе во 23. минута преку Арменд Алими го израмни резултатот. Победата и трите бода за Шкендија ги обезбеди Агим Ибраими со голот од пенал во 55. минута.

Со трите бода, тетовци се зацврстија на второто место со вкупно 38 бода, осум помалку од лидерот Вардар. Во следното коло, Шкендија му гостува на Силекс, додека Пандевци и гостуваат на Македонија ЃП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот