Фото: KF Shkendija

Шкендија со победата над Шелбурн заработи дополнителни 400.000 eвра

Македонскиот шампион Шкендија вчера се израдува на првата победа во групната фаза од Конференциската лига, откако на драматичен начин го совлада ирскиот Шелбурн со автогол на гостите во 92. минута.

Тетовци со овој триумф не само што ги освоија првите бодови во елитното натпреварување, туку и заработија 400.000 евра, сума која УЕФА ја предвидува за секоја победа во групната фаза на Конференциската лига.

Фудбалерите на Јетон Беќири ја задржаа концентрацијата до самиот крај и со тоа си обезбедија голема радост на домашниот терен и надеж за подобар пласман во лигашкиот дел од третото по ранг натпреварување во Европа.

Треба да се потсетиме и дека Шкендија со самиот пласман во Конференциската разлика без разлика на исходот на натпреварите си обезбеди пет милиони евра.

Во следното коло, на 6 ноември со почеток од 21 часот, Шкендија ќе се соочи со полскиот претставник Јагелонија во обид да ја продолжи победничката серија на европската сцена.

Презеемено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот