Шкендија ги пушти во продажба билетите за натпреварот со Јагјелонија
Билетите за натпреварот меѓу Шкендија и полската Јагјелонија, кој ќе се одигра во рамките на третото коло од групната фаза на УЕФА Конференциската лига, се веќе во продажба. Навивачите можат да ги набават своите влезници преку онлајн-платформата MK Tickets, но и на неколку физички продажни места низ Тетово, Гостивар и Скопје.
Препорачано
Во Тетово, билетите се продаваат во:
Doni Tobacco – Центар (Блок 2)
Pika Tobacco – Центар (Блок 2)
Monaco Tobacco – кружен тек кај поранешната слаткарница „Такси“ (Јужна трибина и ВИП)
ER Tobacco – Автобуска станица (Блок 2 и 5)
Piti Tobacco – Зелен пазар (Блок 5)
Во Гостивар, продажбата ќе започне од понеделник во објектот Western Union Lira Gostivar кај „Барок“ (Блок 5).
Во Скопје, билетите ќе бидат достапни само на денот на натпреварот (6 ноември) на билетарата на арената „Тодор Проески“.
Од клубот информираат дека при формирањето на цените се почитувани стандардите на УЕФА. Цените за Јужна трибина се 500 денари (блокови 1 и 6), 600 денари (блокови 2 и 5) и 750 денари (блокови 3 и 4), додека за Северна трибина билетите чинат 500 денари (блок 13), 700 денари (блокови 20, 21 и 23), 800 денари (блок 14), а ВИП-зоната (блок 22) чини 2000 денари.
Натпреварот Шкендија – Јагјелонија ќе се одигра на 6 ноември (четврток) на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, со почеток во 21:00 часот.
Преземено од: Sport.com.mk


