Петре Шилегов
Петре Шилегов / Фото: Фејсбук, Петре Шилегов

Шилегов во емисија во живо дозна дека ќе го бркаат од СДСМ: Имам многу што да кажам

Откако СДСМ вечерва соопшти дека Извршниот одбор на партијата донел одлука да започне постапка за исклучување на Петре Шилегов, поранешниот скопски градоначалник и пратеник од СДСМ за ова слушна во емисија во живо, па беше запрашан за коментар.

Одлуката на ИО на опозициската партија доаѓа откако Шилегов во изминатите месеци јавно го критикуваше лидерот на СДСМ, Венко Филипче, од кого побара да даде оставка.

Шилегов оваа вест ја дочека додека гостуваше во емисијата „Ноќно студио“ на „4ТВ“, каде зборуваше во својство на бранител на еден од обвинетите во судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Запрашан за коментар, Шилегов рече дека во почит на денешниот ден и трагедијата во Кочани вечерва нема да дава политички изјави, најавувајќи дека одлуката на партијата ќе ја коментира утре.

„Утре ќе го имам коментарот, од должна почит кон луѓето кои го загубија животот на денешен ден. Не мислам дека сега е моментот политички, а имам што да кажам за психотропните супстанци на одредени лица и парите што така лесно ги имаат заработено во изминатиот период“, рече Шилегов.

Шилегов своевремено беше и претседател на Градската организација на СДСМ во Скопје, а членуваше и во Извршниот одбор, кој вечерва одлучи да го исклучи од партијата.

Моторот остана зарибан и по промените на чело на СДСМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот