Шестмина тешко повредени во сообраќајка близу Кичево
На 17.05.2022 во 18.20 часот во полициската станица во Кичево био пријавено дека на магистрален пат Кичево – Гостивар, кај селото Колари, се случила сообраќајна несреќа помеѓу „мини купер” со италијански регистерски ознаки, управувано од Х.Б.(26) од Колари, „ауди” управувано од Л.А.(76) од село Зајас, и возило „рено” управувано од З.И.(52) од Скопје.
По незгодата, тројцата возачи и сопатниците во патничкото моторно возило „ауди”, Ф.А.(74), А.З.(23), Н.А.(54), И.З.(56) и Л.З.(31), сите од с. Колари биле пренесени во Медицинскиот центар во Кичево и кај Х.Б., А.З., Н.А. и И.З. биле констатирани повреди, а кај Л.А. и З.И. биле констатирани тешки телесни повреди.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Кичево.