Полицијата ја обезбедува изгорената дискотека „Пулс“ во Кочани по трагичниот пожар / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Шестмина полицајци и началници повеќе не се гонат за смртните последици во дискотеката „Пулс“

Запрена е истрагата за шестмина полицајци и началници кои беа осомничени за кривичното дело „предизвикување општа опасност“ во предметот за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, објави „Телма“.

„Утврдено е дека нивните службени овластувања не биле поврзани со контрола на противпожарните мерки, туку исклучиво со сообраќајната безбедност и паркинг-просторот на објектот. Поради тоа, тие повеќе не се гонат за смртните последици од пожарот, а евентуалната одговорност може да се разгледува само во рамки на кривичното дело „злоупотреба на службената положба“, велат од Обвинителството.

Во образложението на обвинителската одлука се наведува дека, согласно Законот за угостителска дејност, полицијата во конкретниот случај имала надлежност да врши проверки само во делот на заштитата на јавниот ред и мир и безбедноста во сообраќајот.

Како последица на ваквата одлука, Кривичниот суд во Скопје ги укина мерките за претпазливост за дел од осомничените, кои претходно поминаа и еден месец во притвор.

Истрагата за пожарот во „Пулс“, во кој животот го загубија 62 млади луѓе, а над 210 беа повредени, и натаму продолжува и опфаќа околу 20 други полицајци и началници. Паралелно со тоа, веќе е започнат судски процес против 35 луѓе и три компании, меѓу кои се сопствениците на објектот, тројца поранешни градоначалници на Кочани, двајца поранешни министри, како и повеќе инспектори.

Потресно сведоштво за „Пулс“: Телото на брат ми го најдов на влезот, го познав по тетоважите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот