Шест знаци дека сте „граничен алкохоличар“: Многумина не знаат каде е линијата

Фото: Pexels / Heitor Verdi

Сезоната на празници е пред нас, а тоа вклучува добра забава, добра храна и понекогаш и повеќе алкохол. Најчесто. Но, што се случува кога „понекогаш“ станува „најчесто“?

Неодамна британската пејачка Адел (35), им рече на обожавателите: „Престанав да пијам пред три и пол месеци. Здодевно е“.

Таа откри и дека имала периоди во животот кога пиела повеќе, дека еднаш испила четири шишиња вино пред ручек и дека била многу блиску до границата да стане алкохоличар, пишува „Њујорк пост“.

И тука се појавува терминот граничен алкохоличар, а тоа е личност која сè уште не развила зависност, но е многу блиску до критична точка.

Дејв Николс, лекар од Националната здравствена служба (НХС) во Лондон и советник на веб-страницата MyHealthChecked, вели за „СанХелт“:

„Многу луѓе знаат дека понекогаш пијат премногу, но многумина не знаат до каде е границата кога станува збор за проблематичното консумирање алкохол. Да се ​​биде граничен алкохоличар значи дека се наоѓате опасно блиску до границата на алкохолизам. Алкохоличар пие секој ден, неговото тело зависи од алкохолот.“

Значи, каде е границата?

Според зборовите на д-р Дејв Николс, треба да се загрижите или да побарате помош веднаш штом ќе ги забележите овие шест симптоми:

– Пиете алкохол секој ден, без да размислувате за тоа

– Редовно претерувате со алкохолот

– Забавата е само онаму каде што има алкохол

– Редовно пиете во текот на денот

– Ги сметате за иритантни другите луѓе кои не пијат ве нервираат

– Секој месец пиете повеќе од препорачаните количини на алкохол.

Кои се препорачаните дози?

Ако не сте сигурни дали пиете премногу, избројте колку единици алкохол обично пиете неделно.

НХС препорачува да пиете не повеќе од 14 единици распоредени во текот на три или повеќе дена.

Тоа се околу шест средни чаши вино (175 мл) или шест кригли пиво од четири отсто.

НХС го дефинира ризичното пиење како:

– од 14 до 35 единици неделно за жени
– од 14 до 50 единици за мажи

Сè што е над оваа граница е „штетно“ пиење – шема на консумирање што предизвикува ментални или физички последици.

Погледнете го водичот за НХС за да дознаете колку единици има во вашиот омилен пијалак.

– Мала чаша црвено/бело/розе вино – 1,5 единици

– Шише пиво (330 мл) – 1,7 единици

– Лименка пиво (440 мл) – 2,4 единици

– Стандардна чаша црвено/бело/розе вино (175 мл) – 2,1 единица

– Голема чаша црвено/бело/розе вино (250 мл) – 3 единици

– Џин, рум, вотка, виски, текила, чаша (35 мл) – по 1,4 единици.

Физички симптоми

Постојат некои знаци што укажуваат на проблематично пиење, вели д-р Николс.

„Граничните алкохоличари може да имаат симптоми како болки во стомакот, стрес, анксиозност, лоша кожа, проблеми со спиењето, раздразливост и висок крвен притисок. Тоа се рани показатели дека мора значително да го намалите консумирањето алкохол“, предупредува лекарот.

Тој додава дека најчестите долгорочни физички ефекти на граничниот алкохолизам се неправилна функција на црниот дроб, кардиоваскуларни болести, дијабетес и проблеми со менталното здравје, но тоа често се скриени болести и пациентите не се свесни за нив додека не напредуваат.

Ако ги препознаете сите овие симптоми кај себе, можеби вашата новогодишна одлука би била таа – да го промените својот живот.

– Не сте сами. Илјадници луѓе се во иста позиција како и вие. Зборувајте за својот проблем, може да ви помогне да се чувствувате подобро – рекол д-р Николс на крајот.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот