Фото: Alliance / Alamy / Profimedia

Шест навики што секоја жена по 40-тата година треба да ги усвои

Со влегувањето на жените во четириесеттите години од животот, начинот на кој телото реагира на стрес, воспаленија и секојдневните напори може да се промени, што влијае на енергијата, хормоните и целокупното здравје.

Иако овие навики се корисни за сите, лекарите истакнуваат дека се особено важни за жените во оваа фаза од животот. Управувањето со стресот, сонот и хидратацијата можат да помогнат во одржувањето на рамнотежата на телото. Затоа советниците за исхрана ги истакнуваат следниве навики кои можат долгорочно да го поддржат здравјето, пишува „Ши фајндс“ (SheFinds).

Управување со стресот

Управувањето со стресот бара свесен труд и вклучува техники како што се дишењето, движењето и свесноста.

Нутриционистката Мона Розен истакнува дека е важно да се пронајдат лични стратегии кои вклучуваат и социјална поддршка.

„Препознавањето на поврзаноста помеѓу стресот, воспаленијата и целокупното здравје нагласува колку е важно да се воведат стратегии за управување со стресот во секојдневната рутина“, рекла таа за „Ши фајндс“ и доала дека хроничниот стрес го зголемува кортизолот и ги активира воспалителните процеси.

Утринско истегнување

Лесното истегнување по будењето може да ја подобри циркулацијата и да ја намали напнатоста во мускулите. Диететичарката Лиза Ендрус наведува дека истражувањата го потврдуваат неговото влијание врз воспалението.

„Една студија на животни покажа дека истегнувањето може да го намали воспалението во сврзното ткиво“, објаснила таа и додала дека истражување од 2017 година покажува како 20 минути на ден можат да го намалат воспалението.

Квалитетниот сон како приоритет

Сонот е клучен за регулирање на хормоните и намалување на воспаленијата во телото. Советничките за исхрана предупредуваат дека лошиот сон може да го зголеми кортизолот и ризикот од хронични болести.

Воспоставувањето рутина за спиење и намалувањето на времето пред екран може да го подобри квалитетот на сонот. Доследниот распоред дополнително помага во закрепнувањето на телото.

Свесно движење

Вежбањето како јога или таи чи комбинираат движење и дишење и го намалуваат стресот. Ова движење може да помогне во регулирањето на воспалителните процеси во телото.

Истовремено, го смирува нервниот систем и го одржува телото активно. Истражувањата потврдуваат дека редовното движење позитивно влијае на здравјето.

Одржување на хидрираност

Доволното количество на течности е важно за варењето, циркулацијата и функцијата на клетките. Дехидратацијата може да го влоши стресот и да го поттикне воспалението.

Советничките за исхрана препорачуваат редовно пиење вода и јадење намирници богати со вода. Со тоа се одржува рамнотежата и се поддржува преносот на хранливите материи.

Важноста на социјалните врски

Социјалните врски можат да го намалат стресот и да го подобрат целокупното здравје. Истражувањата покажуваат дека поддршката од другите го зајакнува имунитетот и расположението.

Осаменоста е поврзана со повисоки нивоа на хронични воспаленија. Затоа негувањето на врските е важен дел од грижата за вашето здравје.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот