Шеснаесет исчезнати и 22 повредени Италијанци во пожарот во Кран-Монтана
Се надевам дека нема (италијански) жртви, но не можеме ништо да исклучиме – изјави Тајани за телевизијата Скај ТГ24, опишувајќи ја ситуацијата како „хаотична“.
Шеснаесет Италијанци се водат како исчезнати по пожар што зафати бар во швајцарските Алпи, а уште десетина италијански државјани се хоспитализирани по пожарот, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани.
Препорачано
-Се надевам дека нема (италијански) жртви, но не можеме ништо да исклучиме – изјави Тајани за телевизијата Скај ТГ24, опишувајќи ја ситуацијата како „хаотична“.
Тајани, кој е во редовен контакт со швајцарските власти, рече дека повредените Италијанци претрпеле тешки изгореници.
Дваесет и двајца млади лица претрпеле сериозни повреди, изјавија од клиниката за швајцарскиот весник 24 часа.
-Лекувањето на нивните изгореници може да трае со недели или месеци – изјави Клер Шарме, директорка на Универзитетската болница во Лозана.
-Тие се млади пациенти. На возраст помеѓу 16 и 26 години – додаде Шарме.
По катастрофата во одморалиштето Кран-Монтана, во која десетици настрадаа, а стотици се повредени, според полицијата, клиниката во Лозана активирала план за итни случаи за да може да лекува голем број пациенти, рече директорот.
Полицијата сè уште не го објавила точниот број на жртви бидејќи идентификацијата на жртвите сè уште е во тек.


