Шерон Стоун после 27 години ја повтори култната сцена од „Ниски страсти“ (ВИДЕО)

Фотографија: YouTube

Славната актерка Шерон Стоун доби награда за жена на годината, а таа и беше доделена од страна на GQ магазинот на манифестација во Берлин. Холивудската ѕвезда за време на говорот ја повторила „онаа“ прочуена сцена од филмот „Ниски Страсти“ од 1992 година, кога за време на испитување од страна на полицаецот ги прекрсти нозете.

„Пред многу години седев на сцената. Режисерот тогаш ми рече да ги соблечам гаќичките, бидејќи се гледаат, а јас во таа сцена не би ни требало да носам. Одговорив: Секако! Не ни бев свесна дека тоа е моментот кој ќе ми го промени животот“, рекла Шерон на публиката, која таа ја предизвика да го направи истото што и она.

Погледнете како изгледаше сето тоа во Берлин:

А еве ја и сцената од култниот филм за потсетување:

https://www.youtube.com/watch?v=bOtr54HW8kg&feature=emb_title

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот