Шерон Стоун немоќна: Излегува „Основен инстинкт“ без цензура

Profimedia
Фото: Профимедиа

Шерон Стоун нема никакви овластувања над објавувањето на режисерската верзија од култниот филм „Основен инстинкт“, пишува Њујорк пост.

„За 30-годишнината одлучија да ја пуштат режисерската XXX верзија од филмот“, изјави Шерон во австралиската емисија „A Current Affair“.

Кога водителката Трејси Гримшо ја праша дали за време на снимањето на филмот се почувствала искористено на било кој начин со цел да се запре прикажувањето, Шерон го негираше тоа. Таа додаде дека би можела да го спречи ваквото објавување, доколку филмот бил снимен во денешно време.

„Постојат нови правила кои сега се применуваат и ги штитат актерите, како „Screen Actors Guild“, но во времето кога јас го снимав тој филм, тие не постоеа, па така тие сега не можат да се применат во оваа ситуација“, објасни актерката.


И покрај тоа што не е задоволна со одлуката да се пушти филмот во таа верзија, Шерон не верува во каење по стореното.

„Што е направено – направено е, токму како гасовите. Еднаш кога ќе ги испуштите, не можете да ги повлечете. Непријатно мирисаат и заминуваат“, изјави актерката.

Да се потсетиме, режисерот на „Основен инстикт“, Пол Верхоевен во 2017 година ја обвини актерката дека лаже. Имено, Шерон изјави дека на сетот била изманипулирана со цел да се сними сцената во која таа без долна облека ги прекрстува нозете.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Helen Lundgreen (@helenlundgreen)


„Секоја актерка знае што ќе се случи доколку и побараш да ја соблече долната облека и ја завртиш камерата кон неа“, изјави тој тогаш.

Новата обновена XXX сцена која ќе биде без цензура ќе се најде во новите материјали, меѓу кои ќе бидат и бонус кадрите од Мајкл Даглас и Шерон Стоун. Филмот наскоро би требало да започне со прикажување во киносалите, најпрвин во Франција, а потоа во Австралија, Нов Зеланд, и на крајот во Америка, пишува „Variety“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот