Радмила Шекеринска
Радмила Шекеринска / Фото: Министерство за одбрана

Шекеринска ја изрази поддршката на НАТО за преговорите Белград-Приштина

Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, денеска во разговор со специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Петер Соренсен, нагласи дека Западниот Балкан е регион од стратешко значење за Алијансата и дека НАТО целосно го поддржува дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, предводен од ЕУ.

Таа ја истакна важноста на партнерството меѓу НАТО и ЕУ во одржувањето на мирот и стабилноста во Косово и пошироко.

„Преку мисијата КФОР, НАТО продолжува да прави сè што е воено возможно на терен за да го заштити мирот, во корист на сите луѓе што живеат во Косово. Но, конечното решение за трајна регионална стабилност е политичко. За таа цел, НАТО продолжува целосно да го поддржува дијалогот предводен од ЕУ за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина и напорите на специјалниот претставник Соренсен“, изјави Шекеринска, се наведува во соопштението на Алијансата.

Таа, исто така, посочи дека соработката меѓу НАТО и ЕУ е на високо ниво.

Шекеринска рече дека континуираната координација ќе биде клучна за напредокот на дијалогот предводен од ЕУ и дека сојузниците се согласиле да ја зголемат поддршката за напорите за нормализирање на односите меѓу двете земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот