Шеј-Гилџес Александер/Oklahoma City Thunder

Шеј Гилџес-Александер ја победи конкуренцијата – вторпат во низа ќе биде МВП

Шеј Гилџес-Александер и втора сезона по ред е прогласен за најкорисен кошаркар во НБА, објави „ЕСПН“ повикувајќи се на извори блиски до лигата.

Официјалната потврда од НБА се очекува во текот на вечерта, кога и формално ќе биде објавен добитникот на престижната МВП награда за сезоната.

Покрај ѕвездата на Оклахома во конкуренција за признанието беа и Виктор Вембањама од Сан Антонио, како и српскиот центар Никола Јокиќ.

Канаѓанецот одигра уште една импресивна сезона, во која просечно бележеше 31,1 поен, 6,6 асистенции и 4,3 скока по натпревар во вкупно 68 одиграни натпревари за актуелниот шампион на НБА.

Со ова достигнување, Гилџес-Александер стана само 14-тиот кошаркар во историјата на лигата кој успеал да ја освои МВП наградата во две последователни сезони.

Почина првиот НБА кошаркар кој јавно призна дека е геј

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот