Почина првиот НБА кошаркар кој јавно призна дека е геј
Кошаркарскиот свет остана без едно од најпрепознатливите имиња надвор од терените. Џејсон Колинс, првиот НБА кошаркар кој јавно призна дека е геј додека беше активен играч, почина на 47-годишна возраст по тешка битка со рак на мозокот.
Препорачано
Само шест месеци претходно, Колинс откри дека му е дијагностициран глиобластом во четврти стадиум – една од најагресивните форми на тумор на мозокот. Во емотивно обраќање за ЕСПН, тој призна дека болеста се развила неверојатно брзо, а неговото семејство уште претходно соопшти дека се соочува со сериозни здравствени проблеми.
Во НБА лигата мина 13 сезони и настапуваше за повеќе клубови, меѓу кои Њу Џерси Нетс, Мемфис Гризлис, Минесота Тимбервулвс, Атланта Хокс, Бостон Селтикс, Вашингтон Визардс и Бруклин Нетс. Најголем белег остави во дресот на Нетс, со кои двапати стигна до финалето на НБА во 2002 и 2003 година.
Сепак, Колинс ќе остане запаметен пред сè по историскиот момент од 2013 година, кога преку писмо во „Спортс Илустрејтид“ јавно призна дека е геј, станувајќи првиот активен спортист во американските професионални лиги што го направил тоа. Една година подоцна, со настапот за Бруклин Нетс, стана и првиот геј кошаркар кој заиграл на НБА натпревар. Кариерата ја заврши во ноември 2014 година.
Брендон Кларк, НБА кошаркарот на Мемфис гризлис, почина на 29-годишна возраст


