Шефовите на разузнавачите агенции на САД и Велика Британија со заеднички настап: Светот е под закана каква што немало по Студената војна
„Нема збор дека светскиот поредок, балансиран систем кој доведе до релативен мир и стабилност и доведе до растечки животен стандард, можности и просперитет, е под закана на начин кој не сме го виделе уште од Студената војна“, порачуваат Барнс и Мур
Викендов, за првпат, шефовите на разузнувачките агенции на САД и на Велика Британија, имаа заеднички настапи пред јавноста. Директорот на американската ЦИА, Бил Барнс, и директорот на британската МИ6, Ричард Мур, објавија заедничка колумна во „Фајненшл тајмс“. Потоа, имаа заеднички настап на Фајненшл тајмс – Викенд фестивалот во Лондон.
Порталот 360 степени ги аналзира главните пораки. Оттаму велат дека главното од настапте се наоѓа на крајот на колумната потпишана од двајцата шефови на едни од најмоќните разузнавачки агенции во светот. Тие порачуваат:
„Нема збор дека светскиот поредок, балансиран систем кој доведе до релативен мир и стабилност и доведе до растечки животен стандард, можности и просперитет, е под закана на начин кој не сме го виделе уште од Студената војна“.
ЦИА и МИ6 се заедно во отпорот против наметливата Русија и војната на Путин во Украина, пишуваат Барнс и Мур. Потоа, додаваат, дека ја предвиделе агресијата на Русија и дека ја предупредиле меѓународната заедница, за сите да можат да и помогнат на Украина.
„Внимателно декласифициравме некои од нашите тајни, како нов и ефективен дел од овие напори. Задржувањето на курсот никогаш не бил повитален. Путин нема да успее во гаснењето на суверенитетот и независноста на Украина. Постапките на Русија се флагрантно кршење на глобалните и нормите на Обединетите нации. Ќе продолжиме да ги помагаме храбрите, одлучни украински разузнавачки партнери. Горди сме што го правиме тоа и сме восхитени од еланот, отпорноста и иновативноста на Украина“,се вели во дел од колумната објавена во „Фајненшл тајмс“.
Има и куса порака за раководството во Пекинг.
„Во 21-от век, кризите не доѓаат последователно. Додека значително внимание и ресурси се распоредени против Русија, работиме заедно на други места и простори за да го пресретнеме ризикот од глобална нестабилност. И за ЦИА и за МИ6, подемот на Кина е главниот разузнавачки и геополитички предизвик во 21-от век и ние ги реорганизиравме нашите служби за да одговорат на тој приоритет“, пишуваат Барнс и Мур.
Колумната потоа нуди реченица две за ИСИС, пишува порталот 360. Шефовите на ЦИА и МИ6 велат дека борбата против тероризмот останува јадрото на партнерството меѓу двете служби.
Што се однесува до состојбата на Блискиот Исток, двајцата велат дека преку разузнавачки канали работата на деескалација.
„Нашите служби работат непрекинато за да се постигне прекин на огнот и договор за заложниците во Газа, што би можело да доведе до крај на страдањата и застражувачкиот број на жртви меѓу палестинските цивили и да ги вратиме дома заложниците после 11 месеци од пеколното заробеништво од Хамас. Бил е лично вклучен (hand-on role) во приближувањето на учесниците во преговорите со помош на нашите пријатели од Египет и Катар. Продолжуваме да работиме на де-ескалација на тензиите во регионот“, пишува во колумната.