Шефовите на американските имиграциски агенции ќе се оправдуваат пред Конгресот
Шефовите на агенциите што ја спроведуваат имиграциската политика на американскиот претседател Доналд Трамп сведочат пред Конгресот поради зголемените критики за нивната работа, објави „Асошиејтед прес“.
Препорачано
Тод Лајонс, в.д. директор на Агенцијата за имиграција и царина на САД (ИЦЕ), Родни Скот, директор на Царинска и гранична заштита на САД (ЦБП), и Џозеф Едлоу, директор на Службата за имиграција и царина на САД (УСЦИС), денеска ќе се појават пред Комитетот за внатрешна безбедност на Претставничкиот дом за да одговараат на прашања околу спроведувањето на имиграциските операции низ американските градови.
Американскиот суд ги легализира агентите на ИЦЕ со „фантомки“
Ова сведочење следи во време кога јавната поддршка за начинот на кој овие агенции ја спроведуваат имиграциската визија на Трамп опаѓа, и покрај значајните средства што тие ги добиле со буџетот усвоен минатата година, којшто им овозможи да ги прошорат активностите на целата територија на САД.
Во последните недели, имиграциската кампања на администрацијата доби силни реакции поради фаталните пукања на двајца демонстранти во Минесота, што предизвика драматични протести и дебата на национално ниво. Двајца федерални службеници пукаа во Алекс Прети, а друга демонстрантка, Рене Гуд, беше убиена од службеник на ИЦЕ.
Агенциите во исто време се соочуваат со остри критики за низа политики за кои критичарите велат дека ги газат правата, како на луѓето кои се соочуваат со апсење, така и на Американците кои протестираат против акциите на службите.
Администрацијата на Трамп поднесе 655 обвиненија за попречување на работата на агентите на ИЦЕ


