Агенти на ИЦЕ - Извор Х

Американскиот суд ги легализира агентите на ИЦЕ со „фантомки“

Употребата на маски од страна на тешко вооружени полицајци од ИЦЕ , кои немаат начин да бидат идентификувани, предизвикува сè посилни реакции во американските „демократски“ градови, каде што рациите и операциите се зголемија како дел од кампањата на администрацијата на Трамп за сузбивање на нелегалната имиграција.

Сепак, по поднесените тужби во Калифорнија против оваа практика, федерален судија пресуди дека агентите на федералната имиграциска полиција можат да продолжат да носат фантомки во своите операции во државата.

Судијката Кристина Шнајдер пресуди дека законот наречен „Закон без тајна полиција“ – кој се очекува наскоро да стапи на сила – „незаконски“ дискриминира „федералните агенти“ бидејќи се однесува само на нив, но ги исклучува локалната и државната полиција, пишува Еј-би-си њуз.

Судијата пресуди дека маските што ги кријат цртите на лицето на агентите се легални, но посочи дека членовите на ИЦЕ мора да носат значки за идентификација и да го покажат својот регистарски број.

Судот, исто така, забележа дека забраната за полицајците да ги покриваат цртите на лицето би можела да биде уставна доколку се прошири на локалните и државните сили за спроведување на законот.

Ко-спонзорот на текстот, Скот Винер, член на Калифорнискиот сенат, одговори уверувајќи дека „веднаш“ ќе продолжи со измена на текстот, така што тој ќе се однесува и на локалните полицајци.

Генералната обвинителка на администрацијата на Трамп, Пам Бонди, ја прослави „победата“ по овој процес, кој го иницираа адвокати од нејзината канцеларија.

„Ќе продолжиме да се бориме и да победиме пред лицето на правдата за да ја (одбраниме) агендата на претседателот Трамп за закон и ред – и секогаш ќе ги поддржуваме нашите одлични федерални службеници за спроведување на законот“, рече Боди преку Икс, пишувајќи го зборот „секогаш“ со големи букви.

„Калифорнија ќе продолжи да ги брани граѓанските права и демократијата“, коментираше демократскиот гувернер на државата, Гевин Њусом, еден од најистакнатите противници на републиканскиот претседател Трамп во медиумите, преку Икс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот