Шарлиз Терон / Фото: Profimedia

Шарлиз Терон за ноќта кога нејзината мајка го уби татко ѝ: „Пукаше кон нас…“

Холивудската актерка Шарлиз Терон во ново интервју искрено проговори за трауматичната ноќ од нејзината 15-та година, кога нејзината мајка, во самоодбрана, го застрелала нејзиниот татко.

Терон истакна дека денес повеќе не ја прогонуваат тие спомени, но смета дека е важно ваквите искуства да се споделуваат.

„Мислам дека за вакви работи треба да се зборува, за луѓето да не се чувствуваат сами. Кога ни се случи тоа, мислев дека сме единствени во светот. Денес тие спомени повеќе не ме прогонуваат“, изјави таа за „Њујорк тајмс“.

Актерката детално се присети на настаните што довеле до трагедијата. По враќањето од кино, таа и нејзината мајка накратко застанале кај роднини, каде што ненамерно го налутила својот татко, кој бил во алкохолизирана состојба.

„Влетав во куќата бидејќи итно ми требаше тоалет, а тој го сфати тоа како непочитување“, раскажува Терон.

По враќањето дома, таа се обидела да избегне конфликт и ја замолила мајка ѝ да каже дека спие. Сепак, според неа, уште тогаш почувствувала дека ќе се случи нешто лошо.

Терон откри дека нејзиниот татко, заедно со својот брат, насилно влегол во куќата и пукал кон нив.

„Ги прострела вратите за да влезе. Беше јасно – сакаше да нè убие“, изјави актерката.

Таа додаде дека испукал повеќе куршуми, но ниту еден не ја погодил неа или нејзината мајка. Во моментот кога татко ѝ се обидел да дојде до оружје, нејзината мајка реагирала и го застрелала.

Терон вели дека нејзината мајка по настанот одбивала да зборува за слученото и инсистирала животот да продолжи.

„Следното утро ме испрати на училиште и рече: ‘Продолжуваме понатаму’. Можеби тоа не е најздравиот пристап, но кај нас функционираше“, раскажува актерката.

Таа додава дека токму таа ноќ ја зацврстила нивната врска.

„Кога се освестив од шокот, сфатив дека ми го спасила животот. Тоа е огромна работа“, вели Терон.

ФОТО | Шарлиз Терон на 50 години изгледа неверојатно – повторно покажа зошто важи за една од најубавите жени во Холивуд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот