Шаоми го претстави својот прв електричен автомобил

Шаоми го претстави својот прв електричен автомобил / Фото Твитер

Кинескиот производител на телефони Шаоми денеска го претстави своето прво електрично возило и веднаш ја објави својата намера да стане еден од петте најдобри светски производители на автомобили.

Наречен СУ7, седанот е долгоочекуван модел од кој се очекува максимално да го искористи заедничкиот оперативен систем со популарните телефони на компанијата.

Сепак, автомобилот го прави своето деби во време кога најголемиот светски автомобилски пазар се бори со прекумерен капацитет и забавување на побарувачката што поттикна голема ценовна војна.

„Со напорна работа во следните 15 до 20 години, ќе станеме еден од најдобрите пет светски производители на автомобили, стремејќи се да ја подигнеме целата кинеска автомобилска индустрија“, рече извршниот директор Леи Јун на претставувањето на СУ7.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот