Шампион избран од луѓето: Двејн „The Rock“ Џонсон ќе ја добие наградата за Шампион на „People“ за 2021 година
Забавувач, филантроп, претприемач и поранешна ѕвезда на „WWE“, Двејн „The Rock“ Џонсон ќе биде почестен со наградата „People’s Champion Award“ на наградите „People’s Choice Awards“ за 2021 година, кои ќе го имаат своето доделување на 7 декември.
Петнаесет пати номиниран и двократен добитник на титула на „PCA“, Џонсон ќе добие признание за неговиот придонес во забавната индустрија, претприемачките потфати и непоколебливата посветеност за поддршка на децата и семејствата на кои таа им е потребна, преку работата со повеќе филантропски партнерства.
View this post on Instagram
„Двејн е еден од најомилените актери на нашето време кој постигна невиден успех во текот на неговата кариера. За време на периодот каде што имаше многу неизвесност, Џонсон покажа неверојатна способност да го подигне духот и да ги насмее луѓето и покрај околностите. Неговите филантропски напори и меѓународното присуство на социјалните мрежи го направија културен лидер и инспирација за многумина, правејќи го совршен добитник за наградата Народен шампион за 2021 година“, изјави Џен Нил, извршен потпретседател на „Entertainment Live Events, Specials & E! News, NBCUniversal Entertainment TV and streaming“.
View this post on Instagram
Џонсон e ко-основач и извршен директор на „Seven Bucks Companies“ – глобално претпријатие со повеќе платформи вкоренето во автентичноста, страста и раскажувањето на приказни – и претприемачкиот иницијатор во партнерство со Нетфликс кој го донесе меѓународниот акционен трилер „Red Notice“ низ театрите и до публиката на глобално ниво, соборувајќи ги светските рекорди како најголем ден и викенд за премиера на Нетфликс филм.
View this post on Instagram
Џонсон и „Seven Bucks Productions“ соработуваа и со Дизни на најголемото глобално филмско деби за студиото ова лето со „Jungle Cruise“. Џонсон, исто така, неодамна ја заврши продукцијата на акционата франшизата „Black Adam“ и моментално е во продукција на мошне очекуваната втора сезона од хит хумористичната серија „Young Rock“.
View this post on Instagram
Џонсон глумеше во и продуцираше плејада глобално успешни филмови, вклучувајќи ги „Jumanji: Welcome to the Jungle“, „Jumanji: The Next Level“ и спин-оф-от на „Fast and Furious“, „Hobbs & Shaw“. Други филмски заслуги вклучуваат „Skyscraper“, „Rampage“, „Central Intelligence“ и „Moana“.
View this post on Instagram
Освен неговиот придонес во филмот и телевизијата, Џонсон е и успешен претприемач. Во август 2020 година, глобалниот бокс-офис моќник се спартнери со Дени Гарсија и „RedBird Capital“ за да ја откупи професионалната фудбалска лига, „XFL“. Тој е и основач на „Siete Bucks Spirits“ и брендот „ZOA Energy“.
View this post on Instagram
Како посветен филантроп, Џонсон служи како Национален амбасадор на желбите од познатите личности за фондацијата „Make-A-Wish“ и исполнува желби со организацијата веќе повеќе од 20 години. Џонсон, исто така, е активно вклучен во детската фондација „The Starlight“, која се обраќа на критичните потреби на преку 60 милиони критично, хронично и терминално болни деца на глобално ниво.
View this post on Instagram