Шамхани: Нападот врз ирачкиот премиер е поттик на бунт од странство, во него учествувале три дрона

Мустафа Ал-Кадими
Мустафа Ал-Кадими / Фото: EPA-EFE/Simon Dawson / POOL

Секретарот на иранскиот Висок совет на националната безбедност, Али Шамхани, денеска изјави дека нападот со дрон врз резиденцијата на ирачкиот премиер Мустафа ал-Кадими, е инцицијатива за бунтот поврзан со странски тинк-тенкови, јави агенцијата ИРНА.

Според агенцијата, Шамхани на Твитер соопшти дека „обидот за убиство на ирачкиот премиер е нов поттик на бунт, што може да се поврзе со странски тинк-тенкови (мозочни трустови), да донесе само неизвесност, раздор и нестабилност за потчинетиот ирачки народ, а кои со години создаваат и поддржуваат терористички групи и ја окупираат оваа земја”.

Ирачките медиуми јавија дека ноќеска бил изведен напад со дрон врз домот на ирачкиот премиер во Багдад. Подоцна локалната агенција ИНА, наведувајќи ирачки безбедносни тела, соопшти дека премиерот минал без никакви повреди во нападот, а и самиот Ал-Кадими на Твитер потврди дека е добар. Тројца негови телехранители, меѓутоа, се здобиле со повреди во нападот.

Ирачкото Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека обидот за атентат врз премиерот Мустафа Ал Кадими бил изведен со три беспилотни летала, пренесе „Ал Џезира” на Твитер.

САД му понудиле помош на Ирак во истражувањето на обидот за атентат врз премиерот.

Ирачкото МВР , исто така, соопшти дека се уништени две беспилотни летала, а други детали не објавува.

Извор: МИА

Ирачкиот премиер неповреден во атентат со дрон врз неговата резиденција во Багдад

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот