Ирачкиот премиер неповреден во атентат со дрон врз неговата резиденција во Багдад

Мустафа ал Кадими
Мустафа ал Кадими / Фото: EPA-EFE/Tom Brenner / POOL

Ирачкиот премиер Мустафа ал-Кадими ноќеска се извлекол неповреден во нападот со беспилотно летало врз неговата резиденција во Зелената зона во Багдад, соопшти неговиот кабинет.

– Премиерот Ал Кадими не е повреден во обидот за атентат со беспилотно летало наполнето со експлозив во ноќта меѓу саботата и неделата, соопшти неговиот кабинет.

Цел на нападот била резиденцијата на премиерот во Зелената зона во Багдад, каде се наоѓаат владини згради и странски амбасади.

Два безбедносни извори претходно за француските медиуми потврдија дека резиденцијата на премиерот била погодена од „ракета” додека приврзаниците на проиранските групи мирно протестираа на влезот во Зелената зона против резултатите од предвремените парламентарни избори на 10 октомври.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот