Шалке непријатно изненаден во Бундеслигата (ВИДЕО)

фото: твитер

Три важни бода освои составот на Дизелдорф на домашен терен после пресвртот направен од страна на Хенингс и Караман.

Денеска се одиграа уште пет натпревари во 28 коло од најсилното германско фудбалско првенство. Изненадување приреди Дизелдорф кој на домашен терен со 2:1 успеа да ја совлада екипата на Шалке.

Гостите водеа од 53 минута со голот на МекКени, но играчите на Рослер за пет минути направија пресврт.

Прво израмни Хенингс во 63 минута, а конечниот епилог на „Меркур Спил-Арената“ го постави Караман. Три важни бода за Дизелдорф во битката за опстанок, моментно е на 16 место со 27 бодови, само еден помалку зад засега сигурниот Мајнц.

Шалке направи нов чекор назад во борбата за една од европозициите и е на деветтото место со 37 бодови. Загрижувачки за тренерот Вагнер е што ова е трет пораз во низа од стартот на продолжувањето на сезоната.

Во останатите дуели: Лајпциг-Херта Берлин 2:2, Аугсбург-Падерборн 0:0, Хофенхајм-Келн 3:1 и Унион Берлин-Мајнц 1:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот