Шаќири: Ќе побарам од Бирото за образование да ги разгледа прирачниците од сите организации

Министерство за образование и наука - табла / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири во денешната изјава за медиумите рече дека ќе побара од Бирото за развој на образованието детални информации за спорниот прирачник за наставници и нагласи дека прашалниот е одобрен уште во 2009 година, потпишан од претходниот директор во 2011 година. Тој потсети дека и Бирото ја демантирало информацијата.

Шаќири најави дека ќе побара мислење за секое прашање за кое јавноста има забелешки.

– Не само за тој прашалник, знаете дека еднаш имаше коментари во јавноста дека е учебник, па после се потврди дека е прашалник, се потврди дека не е од овој период, туку од претходниот. Јас не само за овој прашалник туку за сите материјали, за сите други прашалници и за учебниците, за забелешките на јавноста ќе побарам уште еднаш од сите советници во Бирото да ги разгледаат сите материјали што се од претходниот период и ако има образложение за некои материјали да се повлечат, истите да се повлечат, да се разгледаат, да не бидат тие материјали. Но, ако има случај каде има оправдување од страна на Бирото, тие оправдувања треба да ги дадат на јавноста, кои се причините за тие материјали, изјави министерот Шаќири по свеченоста во Ректоратот.

Тој лично не го разгледал прирачникот, најави дека ќе побара мислење од тој период од Бирото, иако и тогаш образложението било дека не е обврска да се користи и најави дека заедно со неговиот кабинет ќе го разгледаат и ќе достават соодветно мислење до Бирото, како понатаму да се постапува.

– Ќе побарам од Бирото дополнително сите материјали, сите прашалници, сите одобрувања што ги дава Бирото за каков било материјал, кој влегува од невладини организации, од различни организации внимателно да се разгледаат, за да не бидат достапни на децата, изјави министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот