Шахпаска: Продолжуваме со поддршката на ромската заедница

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставници на Институтот за истражување и политики- Ромалитико кои преку анализи и истражувања креираат политики преточени во проекти со цел зајакнување на ромската популација во државава.

На средбата, како што соопшти ресорното Министерство, од страна на претставниците на „Ромалитико” бил презентиран тригодишниот проект чија цел е унапредување на положбата на Ромите преку реализација на поголем број активности. Во таа насока биле посочени воспоставувањето на нови и зајакнување на функциите во постојните центри за развој (ЦЛД) предводени од заедницата во 20 општини низ цела држава и обезбедување на услуги на ромската заедница преку Центар за повици, презентации и предавања од експерти од различни области (човекови права, здравство, образование, социјални услуги, работен однос, заштита на деца итн.). Предвидено е и воспоставување на форуми за деловни клубови под покровителство на центрите на ЦЛД и формирање на работни групи на локално ниво за идентификување на главните проблеми со кои се соочува ромската заедница.

Министерката Шахпаска ја истакна важноста од вклучување на Ромите на пазарот на труд, преку информирање за активните мерки и политики на Агенцијата за вработување, обезбедувањето на документи за лична идентификација, подигнување на јавната свест за вклучувањето на децата роми во предучилишно воспитување и образование и продолжување на образовниот процес. Шахпаска истакнала дека ова е еден од начините на реализација на концептот еднакво општество за сите, односно еднакви можности за сите граѓани.

Соговорниците се согласиле дека од клучно значење за успешноста на проектот е дирекната комуникација со ромската популација во заедницата каде што живеат со цел воспоставување на дијалог меѓу граѓаните од ромска националност и институциите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот