Шабан и Есма беа големи пријатели: Погледнете што напишал тој за неа кога таа почина (ФОТО)

Instagram

Денеска се навршува точно една година од смртта на кралот на фолк-музиката, Шабан Шаулиќ.

Популарниот пејач минатата година на 17 февруари загина во сообраќајна несреќа во Германија. Целиот регион беше во неверување за трагичната смрт на еден од најдобрите вокали на сите времиња.

Важеше за пејач кого го почитуваат сите пејачи од Вардар до Триглав, но и за пејач кој знаеше да ги почитува своите колеги.  Меѓу оние што ги почитуваше беше и нашата кралица на  ромската музика, Есма Реџепова.

На профилот на Инстаграм кој Шабан го користеше, сè уште стои неговата објава кога почина Есма. Тој со заедничка фотографија и коментар се простил од кралицата.

– Првпат кога земав микрофон во раце, запеав нејзина песна… Збогум, драга Есма, ти благодарам што со твојот глас ги разубавуваше нашите денови, а со светлината на твојата душа ги осветлуваше животите на сите оние кои имаа среќа да те запознаат – напишал Шабан…

Погледнете ја нивната заедничка фотка:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот