Сезонава завршува една неверојатна низа на Леброн долга 21 година
Актуелната сезона во најсилната кошаркарска лига во светот носи и крај на една неверојатна серија на Леброн Џејмс, најдобриот стрелец во историјата на НБА оваа сезона сигурно нема да добие ниту една награда.
Препорачано
Имено, откако Леброн го пропушти натпреварот на Лејкерс против Сан Антонио поради повреда на стапалот ја надмина дозволената граница и сега веќе нема право да се најде во ниту еден избор за најдобрите петорки на крајот од сезоната.
Ова е 23-та сезона за 41-годишниот Леброн во најсилната кошаркарска лига во светот, а досега во секоја имал барем едно индивидуално признание. Така импресивната низа од 21 последователен избор во една од трите најдобри петорки сега дефинитивно завршува.
Натпреварот против Сан Антонио беше негов 18-ти пропуштен оваа сезона, што значи дека повеќе не може да ја достигне минималната бројка од 65 одиграни средби, услов што НБА го воведе од сезоната 2023/24. Според новото правило, играч мора да настапи на најмалку 65 од вкупно 82 натпревари за да конкурира за награди, со цел ѕвездите почесто да бидат на паркетот.
Интересно, на листата на оние што би можеле да останат без право на награди може да се најде и Никола Јокиќ, доколку пропушти уште еден натпревар до крајот на сезоната.
Леброн сезонава одигра 35 натпревари и бележи просек од 21,8 поени, 5,7 скока и 6,9 асистенции по меч, но статистиката овојпат нема да биде доволна за ново индивидуално признание.
Леброн Џејмс за првпат по 20 години нема да го почне „Ол-стар“ натпреварот во НБА
Леброн ќе биде дел од Ол-стар натпреварот, избран е како резерва


