Фото: EPA/ALLISON DINNER

Леброн ќе биде дел од Ол-стар натпреварот, избран е како резерва

НБА тренерите ги избраа 14-те кошаркари кои ќе бидат резерви на Ол-стар натпреварот, што ќе се одигра на 15 февруари во Лос Анџелес. Станува збор за по седум играчи од Источната и Западната конференција, кои ќе им се придружат на веќе избраните стартери.

Претходно, преку гласање на навивачите, кошаркарите и новинарите, за стартери беа одредени Стефен Кари (Голден Стејт Вориорс), Лука Дончиќ (Лос Анџелес Лејкерс), Никола Јокиќ (Денвер Нагетс), Шај Гилџес-Александер (Оклахома Сити Тандер) и Виктор Вембањама (Сан Антонио Спарс) од Западот, како и Јанис Адетокумбо (Милвоки Бакс), Кејд Канингем (Детроит Пистонс), Џејлен Браун (Бостон Селтикс), Џејлен Брансон (Њујорк Никс) и Тајрис Макси (Филаделфија 76ерс) од Истокот.

Од Западната конференција, тренерите за резерви ги избраа Леброн Џејмс (Лос Анџелес Лејкерс), Кевин Дурент (Хјустон Рокетс), Девин Букер (Финикс Санс), Ентони Едвардс (Минесота Тимбервулвс), Џамал Мареј (Денвер Нагетс), Чет Холмгрен (Оклахома Сити Тандер) и Дени Авдија (Портланд Трејл Блејзерс).

Од Истокот, место меѓу резервите обезбедија Донован Мичел (Кливленд Кавалирс), Норман Пауел (Мајами Хит), Карл-Ентони Таунс (Њујорк Никс), Паскал Сијакам (Индијана Пејсерс), Џејлен Џонсон (Атланта Хокс), Џејлен Дурен (Детроит Пистонс) и Скоти Барнс (Торонто Репторс).

За Леброн Џејмс ова ќе биде уште еден историски настап, бидејќи и во својата 22. сезона во НБА ќе игра на Ол-стар натпреварот, со што дополнително го зацврстува рекордот по број на учества. Интересно е и тоа што годинава дури шест кошаркари ќе го имаат своето деби на спектаклот.

Долго време Џамал Мареј важеше за најдобриот кошаркар кој никогаш не бил Ол-стар, но оваа сезона таа „неправда“ конечно е исправена. Освен него, прв настап на Ол-стар ќе забележат и Авдија, Холмгрен, Дурен, Џонсон и Пауел.

Дополнителна новина е и форматот на натпреварувањето, бидејќи оваа година ќе учествуваат три екипи, една составена од интернационални играчи и две од кошаркари од САД. Секоја екипа ќе брои по осум играчи. Трите тима ќе одиграат вкупно четири натпревари, а последниот ќе биде финале за титулата. Во случај сите екипи да завршат со по една победа и еден пораз, ќе отпадне тимот со најслаба кош-разлика.

Леброн Џејмс за првпат по 20 години нема да го почне „Ол-стар“ натпреварот во НБА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот