Сезоната во шпанското првенство ќе заврши за пет недели!?

twitter/uefa

Според напаѓачот на Реал Мадрид, играчите нема да мислат за вирусот два часа, фудбалот носи среќа.

Тренерот на Леганес, Хавиер Агире за „Марка“ откри кога ќе продолжи најдобрата шпанската лига.

Веќе имаме датум за продолжување на првенството. „Ла Лига“ ќе започне повторно на 20 јуни, а првенството ќе заврши за пет недели – на 26 јули. Натпреварите ќе се одржат во сабота и недела, како и во среда и четврток. „Ла Лига“ штотуку официјално ме извести. Многу сум среќен затоа што веќе планиравме тренинзи. Сите играчи веќе ги поминаа тестовите – рече Агире.

Напаѓачот на Реал, Лукас Васкез, исто така, изрази задоволство од претстојното продолжување на првенството.

Ќе биде добро за луѓето и целото општество. Нема да мислиме за вирусот два часа. Фудбалот носи среќа – се зборовите на Васкез.

Барселона потврди дека сите играчи имаат негативен тест на коронавирус и дека во текот на денешниот ден ќе продолжи со тренинзите.

До прекинот на сезоната во шампионатот водеше Барса после 27 кола со два бода повеќе од најголемиот конкурент за титулата, Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот