„Северина на ѕидот на срамот“: Оливера Катарина жестоко против изјавата на Северина дека Србите се геноциден народ!

Фото: Принтскрин/Youtube/Instagram

Српската глумица и пејачка Оливера Катарина се осврна на скандалот предизвикан од Северина Вучковиќ, кога ги нарекла Србите геноциден народ, пишува Еспресо.мк

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ со месеци ја шокираше јавноста со своите испади, на кои и претходно беше подложена. Последното нешто што ја шокираше јавноста беше тоа што ги обвини Србите дека се геноциден народ, а потоа одби да работи со луѓе кои не го признаваат наводниот геноцид во Сребреница, пренесува српска „Република“.

Јавноста не седи со скрстени раце, на социјалните мрежи веќе долго време се поднесува петиција Северина да биде протерана од Србија и да и се забрани влез во оваа земја. По тој повод се огласи и легендарната пејачка и актерка Оливера Катарина, која најстрашно го осуди грубото, арогантно и непримерно однесување на Северина.

– Немам ништо лично против неа, но не треба да им дозволиме да се однесуваат така кон нас, не смее да им дозволиме да кажат што и да им падне на памет. Не би и дозволила да дојде во Србија после ова. Ние треба да се вратиме на себе и да се држиме до себе и никому да не дозволиме тоа да го поремети. Ние треба да се гордееме со себе и да држиме до себе. Србите се секогаш виновни и секогаш се трн во око, јас не знам дека Србинките така, на еден примитивен начин, зборувале за Хрватска, рекла Катарина во утринска програма, додавајќи дека неа пак, хрватскиот народ убаво ја прифатил, но лидерите и водителите – не, па доживеала различни непријатности.

– Ме отруја еднаш во Хрватска, а не знам дека билокој од нив е птуен тука во Србија – додала Оливера Катарина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот