Сетилни сензации: Сладолед од боровинки

сладолед боровинки рецепт
ФОТО: Pexels

Кон средината на летото веќе ни се дегустирани повеќето сладоледи. Некои стануваат фаворити, други само механизам за разладување, а трети пак заборавени од сетилата и неимпресивни. Ако сте расположени за нешто што ќе ви ја разбуди устата, ем телото, ем ќе ве израдува и потсети на убавата страна на летото, а не само на горештини, пробајте го овој сладолед од боровинки.

Потребни состојки:

 

– 250 г боровинки
– 250 мл павлака
– 250 мл слатка павлака
– 150 г шеќер
– сок од лимон

Подготовка:

Измиените боровинки посипете ги со шеќер и оставете ги да стојат некое време за да го ослободат сокот. Изматете ја слатката павлака и ставете ја во фрижидер. Во блендер испасирајте ги боровинките во мека смеса, па префрлете ги во подлабок сад. Додајте го сокот од лимон и павлаката, па мешајте да се формира хомогена смеса. На крај, додајте ја изматената слатка павлака, внимавајќи масата да биде компактна. Прелејте ја смесата во калапи за сладолед и оставете ги кратко во фрижидер, потоа извадете ги и во секој калап ставете по едно стапче, па вратете ги во фрижидер да се смрзнат целосно.

На здравје!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот