Сет Роген не планира повторно да соработува со Џејмс Франко: Дали славните актери ставија крај на долгогодишното пријателство?

epa-efe
Фото: EPA - EFE

Комичарот Сет Роген изјави дека во моментов не планира повторно да соработува на проекти со актерот Џејмс Франко, откако актерот беше обвинет за сексуално вознемирување.

Во интервју за „Сандеј тајмс“, Роген ги отфрли тврдењата дека го прикривал несоодветното однесување на Франко, пренесува „NME“.

Сè што можам да кажам е дека презирам злоставување и малтретирање и дека никогаш не би прикрил некој што го прави тоа, ниту пак некогаш би се ставил во ситуација да бидам покрај некој што е таков“, изјави Роген.

Иако во едно интервју во 2018 година рече дека ќе продолжи да работи со Франко, денес тој има поинакво мислење.

Вистина е дека не сум (соработувал со него од тогаш) и дека не планирам такво нешто во овој момент“, рече комичарот.

Тој додаде дека прекинувањето на професионалната соработка со Франко не е случајно и дека обвинувањата за сексуално вознемирување негативно влијаеле на нивното пријателство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bloom. (@bloom_news)

Во 2018 година, пет жени го обвинија Франко за сексуално вознемирување, што актерот упорно го негираше. Во меѓувреме, тој склучи судска спогодба со две жени.

Роген и Франко се едни од најпознатите комични тандеми во Холивуд. Започнаа да работат заедно како тинејџери во сериите „Freaks and Geeks“, проследено со успешни комедии како „Pineapple Express“, „This Is the End“, „The Disaster Artist“ и многу други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот