Фото: „Chatham County Jail“/Profimedia

Фрлила тампон кон келнерка и се пресметала со обезбедувањето: Сестрата на Хејли Бибер се соочува со затвор поради насилство

Постарата сестра на популарната манекенка Хејли Бибер, Алаја Болдвин Аронов, се соочува со можност за затворска казна до една година, откако е обвинета за нанесување телесни повреди. Таа била уапсена уште во 2024 година, по инцидент во ноќен клуб, каде што наводно нападнала обезбедување.

Триесет и тригодишната Аронов била приведена во февруари истата година по инцидент во клубот „Елан“ во сојузната држава Џорџија. Според полицискиот извештај, до кој дошол порталот „Пејџ сикс“, таа фрлила тампон кон келнерка и физички нападнала двајца членови на обезбедувањето, пред да биде отстранета од клубот.

Обвинителството во Џорџија поднело четири прекршочни обвиненија против Алаја – за нанесување телесни повреди, напад и неовластен влез на приватен имот. Како што пренесува „Ју-ес викли“, обвинителите тврдат дека најстарата ќерка на актерот Стивен Болдвин и Кенија Болдвин фрлила тампон кон една жена, искинала дел од косата на друга жртва и удрила трета жртва во пределот на гениталиите.

Доколку биде прогласена за виновна, Аронов се соочува со казна затвор до една година. Нејзиното појавување пред суд е закажано за 23 април.

Во полицискиот извештај се наведува дека постои видеоснимка од безбедносна камера на која се гледа како Аронов „со сила влегува“ во заклучен тоалет наменет за вработените. Келнерката Хејли Коли изјавила дека Аронов ѝ рекла дека мора да го смени тампонот и побарала неколку минути, што ѝ било дозволено.

Фото: Jamie McCarthy / Getty images / Profimedia

„Неколку минути подоцна, кога госпоѓа Коли повторно влегла во тоалетот, жената го извадила тампонот и го фрлила кон неа. Тогаш интервенирало обезбедувањето и ја извело жената од клубот“, стои во извештајот.

На снимката понатаму се гледа како Коли излегува од тоалетот, а потоа како Аронов е испратена надвор од клубот од редар, со кого се борела и му се спротивставувала целиот пат.

„Видеоснимката јасно покажува како Аронов го фаќа, го влече едниот од редарите за коса и го удира другиот редар во гениталиите“, се наведува понатаму.

Аронов првично негирала дека со сила влегла во тоалетот и тврдела дека била „насилно исфрлена од клубот“. Подоцна признала дека го фрлила тампонот кон Коли, додека за нападот врз редарите изјавила дека се „бранела“.

Инаку, Алаја е модел, како и нејзината позната сестра, и има работено со големи брендови како „Келвин Клајн“ и „Томи Хилфигер“. Од 2017 година е во брак со Ендрју Аронов, со кого има и една ќерка.

ФОТО + ВИДЕО | Хејли Бибер е ѕвезда на новата кампања на „Викторијас сикрет“: Позира во неколку заводливи комбинации

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот