Сеск Фабрегас кандидат за нов тренер на Милан
Двата последователни порази на фудбалерите на Милан во Серија А, прво од Торино, а потоа и од Болоња, резултираа со низа шпекулации за можен отказ на актуелниот тренер Сержо Консеиао.
Препорачано
Екипата од стадионот „Сан Сиро“ моментално го зазема осмото место на табелата во најсилното натпреварување во Италија и доколку до крајот на првенството не „скокне“ на четвртото место, што би и гарантирало Лигата на шампионите следната сезона, неизбежна е промена на тренерот.
За да направат нешто такво, Росонерите треба да ја намалат разликата од седум бода, но клубот веќе бара замена, а во овој момент до израз дојде Сеск Фабрегас.
Според извештаите на медиумите на Апенинскиот полуостров, филозофијата и размислувањата на актуелниот тренер на Комо се совпаѓаат со поранешниот европски шампион, а клупските лидери го идентификуваа како најсериозен кандидат за тренер од јуни.
Маурицио Сари и Роберто де Ѕерби се наведени како другите двајца кандидати за клупата на Милан, но медиумите тврдат дека засега нема официјални контакти.
Следниот натпревар Милан во Серија А ќе го има во недела на 2 март кога од 20 часот и 45 минути гостува кај Лацио.


