Серија тепачки меѓу деца во Куманово – три сериозни инциденти во еден ден

Вчера во Куманово биле пријавени три одделни случаи на насилство меѓу деца во основни училишта во градот и околината.

Првиот случај бил пријавен во 14:09 часот од страна на 31-годишната А.С., која навела дека во училишниот двор на основно училиште во селото Долно Којнаре, нејзиниот син бил физички нападнат од друг малолетник.

Претходно, во 12:45 часот, 33-годишната М.С. од селото Доброшане пријавила дека на 27 февруари, околу 13:30 часот, во основно училиште во Куманово, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од повеќе соученици.

Во трет случај, 35-годишна жена од кумановско пријавила дека нејзиниот 12-годишен син подолг период бил малтретиран од соученик. Според пријавата, ученикот бил навредуван и исмејуван, а во еден случај бил поттикнуван да скокне од прозорец во училницата. Мајката навела дека син ѝ го информирал училишниот педагог, но не биле преземени мерки ниту пак таа била известена.

Момчето било прегледано во кумановската болница и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, по што било примено на Клиниката за психијатрија.

ВИДЕО | Голем пожар во ресторан во Штип, пожарникари и навивачи заедно го гаснеле огнот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот