Фото: EPA/CLAUDIO GIOVANNINI

Серија А: Милан повторно ги разочара навивачите, реми и против Фиорентина

Пропуштените бодови во изминатите две кола во италијанскиот шампионат може скапо да ги чинат фудбалерите на Милан во трката за титулата.

По ремито (1:1) дома против Џенова во минатото коло, денеска играчите на Масимилијано Алегри одиграа ист резултат против уште еден тим кој сезонава се бори за опстанок во елитата, Фиорентина.

На табелата во Серија А „росонерите“ по седмото реми сезонава се на второто место со 40 бодови, два помалку од водечкиот Интер кој својот меч од ова коло ќе го има вечерва во дербито против Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Пред крајот на првото полувреме тренерот на Фиорентина, П. Ваноли доби црвен картон по бурните реакции кон судиите.

„Виолетовите“ водеа од 66 минута со голот на Камуцо, а Милан дојде до бодот во 90 минута благодарение на голот на Нкунку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот