Сер Алекс си направи „Олд трафорд“ додека беше во карантин

Легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон, времето поминато во карантин го искористи да си направи модел на легендарниот стадион „Олд трафорд“.

Фергусон од својот поранешен клуб си порача, а потоа и го склопи, лего моделот на „ОЛд трафорд“.

Овој сет на макета на стадионот од лего коцки се продава за 250 фунти и има 3898 парчиња и се проценува дека се потребни околу осум часа за да се направи макетата.

Интересно е што во сетот се наоѓа дури и познатата статуа на сер Алекс која е поставена пред стадионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот