Сер Алекс Фергусон се врати со нова функција во Манчестер јунајтед

Фергусон 27 години седеше на клупата на Манчестер јунајтед/ Манчестер, Англија, 2013 година/ фото: EPA/PETER POWELL

Англиските медиуми носат ексклузивни новости. По девет години Сер Алекс Фергусон се враќа во Манчестер јунајтед, клубот каде што стана еден од најголемите тренери во историјата на фудбалот. Славниот Шкотланѓанец ќе има сосема нова, советничка улога на „Олд Трафорд“.

Имено, извршниот претседател на клубот, Ричард Арнолд, решил да состави своевиден совет од експерти кои со оглед на своето искуство ќе помогнат во креирањето на спортската политика на клубот и ќе го водат неговиот развој.

Досега, покрај Фергусон, членови на таа комисија се и поранешниот менаџер Дејвид Гил, иконскиот капитен Брајан Робсон и сегашниот директор на фудбалот Џон Муртоу.

Првата средба на споменатата петорка се одржа во вторник. Иако Фергус и Гил формално останаа членови на управниот одбор на клубот во советодавна улога, таа улога беше симболична по природа поради нивната важност за „црвените ѓаволи“.

Во новата улога, неговите задачи ќе бидат поактивни, пишува „Дејли Мејл“. Стручниот совет ќе се грижи за односот на клубот со навивачите и имиџот и ќе се обиде да помогне со совети околу создавањето на тимот на англискиот великан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот