Сензационално откритие – Дете пронашло плоча стара 3.500 години

Шестгодишен Израелец во текот на излетот со неговите родители на југот на Израел пронашол 3.500 години стара глинена плоча, која археолозите ја сметаат за уникатна.

Семејството во март се шетало низ селото Реим, кога момчето забележало мала четвртаста плочка на која биле издлабени две фигури, објави во понеделникот израелската управа за антиквитети.

Експертите веднаш го однеле предметот на проценка.

На плочата е прикажан војник во здолниште со појас како турка гол заробеник, чии раце се врзани зад грбот, објасниле експертите, додавајќи дека уметникот сакал да го прикаже понижувањето на заробениот.

Израелските власти велат дека откритието ќе придонесе за нивните досегашни истражувања на илјадагодишниот хананејски град Јерзи.

Хананејците биле народ кој се спомнува во Стариот завет. Голем дел од нивната земја, наречена Ханан, подоцна ќе стане позната под називот Израел. Хананејците живееле во тој дел околу 2000 година пр.н.е. Живееле во области кои, според древните текстови, веројатно вклучувале делови од модерен Израел, Палестина, Либан, Сирија и од Јордан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот