Сензација во најава: Барселона загреана за Димитриевски

Столе Димитриевски / фото: EPA-EFE/Robert Ghement

Екипата на Барселона е сериозно заинтересирана во зимскиот преоден рок да ангажира голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски, беше објавено во популарната шпанска емисија „Ел Чирингито“.

Управата на Барселона не е задоволна од формата на Марк Андре Тер Штеген и се подготвени уште во јануари да достават понуда за Димитриевски.

Димитриевски сезонава е голман со највисок процент на одбранети удари во Ла Лига и тоа со дури 80,6-отсто, па неговата форма очигледно го привлече вниманието на гигантите. За разлика од Македонецот, Тер Штеген има само 56,8-отсто одбранети удари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот