Семејството на првата дама на Парагвај е исчезнато во урнатата зграда во Мајами

Сестрата на првата дама на Парагвај, Силвана Лопез Мореер, престојувала со сопругот и трите деца во стан на 10-тиот кат на облакодерот што се урна во два часот по полноќ во Сурфсајд, Флорида.

Парагвајското Министерство за надворешни работи објави дека не е познато каде се шестмината Парагвајци кои биле во облакодерот што се срушил.

Роузи Сантана, сопственичка на стан во делот на облакодерот што се урна во Сурфсајд, објави видео на Твитер снимено од надзорна камера.

Видеото од 13 секунди е снимено од камера активирана од сензорот за движење, а била инсталирана во двособниот стан во сопственост на нејзиното семејство на седмиот кат на облакодерот „Сурфсајд“.

“Тоа е нашиот стан, станот на моето семејство. Го напуштив станот вчера, секогаш ја вклучувам камерата кога ќе заминам и ова е снимката што ја добив. Камерата се вклучува кога сензорот открива движење. Тоа се случи, започнала да снима, а потоа врската се изгуби “, изјави таа за Си-Ен-Ен.

Сантана рече дека нејзиниот стан е еден од оние што се наоѓале во делот на облакодерот што се срушил: „Повеќе нема надеж за станот“.

Вашингтон пост: Се трага по 51 лице по уривањето на зградата во Мајами

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот