Семејството на починатата пациентка: При шиење на матката, зашиено и е тенкото црево, причина за контаминација на организмот!

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Шок и неверување во семејството на Ирена Костовска, која во рутинска операција за отстранување на миом на матка, го загуби животот, а зад себе остави две деца на шест и осум годишна воздраст. Сопругот на Ирена моментално е надвор од државата, а нејзиниот девер за „Слободен печат“ ги раскажа настаните кои довеле до смртта на младата жена.

-Ирена на 22.04.2021 година беше оперирана од страна на д-р Викторија Јовановска, директор на ГАК. Операцијата поминува „успешно“, отстранет и е миом на матката, но Ирена има проблеми со подуеност на стомакот што се „решава“ со пробиотик! Утрото на 28.04.2021 состојбата и се влошува и откако на ГАК ја отвараат и сфаќаат што се случило ја испраќаат во Клиниката за абдоминална хирургија каде е извршена уште една интервенција од страна на д-р Љубомир Огњеновиќ. Констатирано е дека при шиење на матката на 4 места е продупчено и сошиено тенкото црево што довело до контаминација на организмот со фекалии и труење! Последниот обид на д-р Огњановиќ да направи интервенција е на 06.05.2021, тенкото црево е скратено и санирани се загноените рани, ставено е дрен за да може организмот да ја исфрли непотребната течност. Мојот последен контакт со неа беше завчера вечерта 08.05.2021, а последните зборови и беа „многу ми фалат децата!“ Вчера, 09.05.2021 во утринските часови се слушнала со децата а јас ја побарав околу 11 часот и не ја добив. Искомуницирав со моите родители кои во моментот ги чуваат децата и ми кажаа дека се слушнале и рекла дека ќе легне да одмори. Околу 14 часот од мои лични извори добив информација дека Ирена починала. Сакам јавно да се заблагодарам на д-р Огњеновиќ за укажаниот напор за да го спаси животот на една жена, мајка на две деца од 6 и 8 години, рече во изјава за Слободен печат, деверот на починатата пациентка, Никола Костовски.

Тој се надева дека ќе има ревизија на постапката направена во ГАК и дека некој ќе понесе одговорност на прераната смрт на Ирена.

-Се надевам дека ќе има ревизија на целата постапка направена во ГАК и дека конечно некој ќе понесе одговорност! Ќе почекам брат ми да дојде од Белгија и да се обидам да ја прибавам целата медицинска документација за да може да се поведе некаква постапка, нагласува Костовски.

Погребот ќе биде одржан утре на градските гробишта во Охрид.

Д-р Јовановска: Жалам за изгубениот млад живот, но не е точно дека се пресечени црева наместо папочна врвка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот