Семејството на Метју Пери за судењето на луѓето кои му дале кетамин: Не е важно кој си, ќе „паднеш“, душо
Семејството на актерот Метју Пери, кој почина на денешен ден пред една година, гостуваше во интервју кај Савана Гатри, каде меѓу другото зборуваа и за неговата смрт. Актерот почина од „акутен ефект“ на кетамин и други фактори поради кои изгуби свест и се удави во неговото џакузи.
Препорачано
Неговата мајка Сузан, очувот Кит Морисон, и трите помали сестри сега се надеваат на правдата по судењето на две лица обвинети дека го снабдувале актерот со дрога. Судењето е закажано за март 2025 година.
„Возбудена сум“, рекла мајката на Пери.
„Она што јас се надевам и мислам дека агенциите кои се вклучија во ова се надеваат, дека луѓето кои се ставија себеси во бизнисот да ги снабдуваат луѓето со лекови што може да ги убијат, сега се на „тапет“. Не е важно какви се твоите професионални квалификации, ќе паднеш, душо“, рекол Кит.
На почетокот на оваа година беше отворена истрага за да се открие кој го снабдувал Пери со лекови кои на крајот ја предизвикале неговата смрт. Истрагата резултираше со апсење на пет лица, меѓу кои асистентот на актерот, лекарите и Јасвен Санга, која е позната и како „Кралицата на кетаминот“. Таа и еден од лекарите ќе излезат на судење во март, а им се заканува и неколкудецениска затворска казна, пренесува „Вараети“.
Мајката на актерот во едно интервју изјавила дека е загрижена за синот по нивниот последен разговор.
„Помина низ период, непосредно пред да почине, кога ми покажуваше една од своите нови куќи, ми пријде и ми рече дека многу ме сака и дека е многу среќен што е сега со мене. Речиси како да имаше претчувство, јас не размислував за тоа во тоа време, но мислев дека има неизбежност за тоа што ќе му се случи, но тој рече да, повеќе не се плаши и тоа ме загрижи“, раскажала Сузан.
Кит додал дека имал впечаток дека Пери бил трезен во моментот на неговата смрт.
„Навистина ми изгледаше така. Иако се лекуваше со кетамин, тоа не се претвори во нешто што не можеше да го контролира“, заклучил тој.
Која е „Кралицата на кетаминот“ обвинета дека го снабдувала Метју Пери?


