Семејството на Коби Брајант доби отштета од 16 милиони долари поради објавени фотографии од местото на несреќата

Ванеса Брајант заминува од Федералниот суд на САД/Лос Анџелес/Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

На Ванеса Брајант, вдовицата на легендарниот кошаркар Коби Брајант, Федералниот суд во САД ѝ додели отштета од 16 милиони долари бидејќи фотографии од местото на несреќата во која загинаа нејзиниот сопруг и ќерката Џиана пред две години се појавија во јавноста.

Таа рече дека имала напади на паника откако се појави веста дека замениците на шерифот и пожарникарите на округот Лос Анџелес фотографирале од местото на несреќата, а потоа ги споделиле.

Федералниот суд нареди округот Лос Анџелес да плати отштета за душевната болка на Ванеса Брајант, а на Кристофер Честер, кој ги загуби сопругата Сара и ќерката во истата несреќа, ќе му бидат исплатени 15 милиони долари, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Вдовицата на Коби ја напушти судницата без да даде изјава, а по читањето на пресудата се прегрна со своите адвокати и ќерката Наталија.

По пресудата, Ванеса на Инстаграм објави фотографија од Коби и Џиана со коментар:

– Сè за вас! Ве сакам! ПРАВДА за Коби и Џиџи! – стои во објавата на Ванеса Брајант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот