Семејствата на жртвите во масовното пукање во Лас Вегас ќе добијат отштета од 735 милиони евра

Фото: Профимедиа

Семејствата на 58-те убиени лица во најсмртоносното масовно пукање во поновата американска историја постигнаа договор со фирмата MGM Restorts за исплата на 735 милиони долари, објави адвокатската фирма која ги застапуваше барателите на отштетата.

MGM Resorts го последува хотелот „Мандалеј Беј“ во Лас Вегас, каде Стивен Падок на 1. октомври 2017 година уби 58 луѓе и потоа си го одзема животот.

Падок (64) испука повеќе од 1100 куршуми од 32. кат на хотелот во групата од 22.000 луѓе, кои посетуваа музички фестивал.

Во нападот, тој рани повеќе од 800 луѓе, а си го одзема животот пред полицијата да влезе во неговата оба. Падок полицијата тогаш го опиша како осамен напаѓач (lone wolf terrorist).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот