Сем Мендес ќе режира четири биографски филма за „Битлси“

„Битлси“ / Фото: The Hollywood Archive / Avalon / Profimedia

Познатата четворка од Ливерпул, легендарните „Битлси“ се враќа на големото платно, објави во вторникот „Сони пикчрс“ (Sony Pictures), појаснувајќи дека секој член на легендарните „Битлси“ ќе биде овековечен во биографски филм на големото платно во режија на Сем Мендес.

„За првпат издавачката куќа на „Битлси“, „Apple Corps Ltd“, Пол Макартни, Ринго Стар и семејствата на Џон Ленон и Џорџ Харисон ги доделија правата да ги користат нивните животни приказни и музика за сценарио и снимање филмови“, се вели во соопштението на студиото.

„Планиравме ова да биде уникатно, возбудливо, епско кинематографско искуство: четири филма, раскажани од четири различни перспективи, раскажувајќи ја истата приказна за најпознатиот бенд на сите времиња“, рече Пипа Харис, која ќе го режира филмот заедно со Мендес. Филмовите се очекува да бидат прикажани во 2027 година.

Во април 1970 година, шест месеци по објавувањето на албумот „Abbey Road“ и еден месец пред „Let It Be“ членовите на познатиот британски бенд објавија дека се разделуваат. Десетгодишната соработка меѓу Мекартни, Ленон, Харисон и Стар резултираше со 14 најпродавани албуми, речиси милијарда продадени плочи и неколку филмови. Но, по распадот, семејствата на членовите на бендот не дадоа дозвола приказната за „Битлси“ да се прикажува на екранот.

„Битлси“ беа тема на бројни документарни филмови, како што е серијата „The Beatles: Get Back“ во режија на Питер Џексон.

Мендес, режисерот познат по блокбастерите како „American Beauty“, филмовите за Џејмс Бонд „Skyfall“ и „Spectre“, вели дека му е „чест што му се дава можност да ја раскаже приказната за најголемиот рок бенд на сите времиња“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот