Селтик и Хартс на последниот ден во директна битка за титулата во Шкотска
Фудбалерите на Селтик и Хартс денеска од 13.30 часот ќе се сретнат во последното коло од Шкотската Премиер лига во натпревар што ќе го одлучи новиот шампион на оваа земја.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Доколку играчите на Хартс останат непоразени против Селтик во Глазгов, ќе освојат историска титула за прв пат по 66 години.
Познато е дека доминацијата на Селтик и Ренџерс во шкотскиот фудбал е нешто со кое малку други лиги во Европа можат да се пофалат, бидејќи во последните 40 години овие два тима ја освојуваат титулата секој пат.
Последниот пат кога тоа не беше случај беше во сезоната 1984/85 кога шкотски шампион беше Абердин, а на клупата на овој тим беше никој друг освен Сер Алекс Фергусон, подоцна легендарниот тренер на Манчестер јунајтед кој помина полни 27 години на „Олд Трафорд“.
Јасно е дека Селтик ќе биде фаворит дома против Хартс, каде што му треба само победа за да стане шампион и да ја одбрани титулата, што би била петта по ред, а вкупно 56 во клупската историја на клубот.
Во случај на нерешен резултат или ако Хартс триумфира, титулата ќе им на играчите на Дерек Макинес. Овој тим четири пати бил шампион на земјата, последен пат во сезоната 1959/60.


