Селекторот Бајиќ најавува подмладување на националниот тим

Фото: kfsm.mk

Согласно со тоа, во договор со своите соработници, донесе одлука најпрвин од 10. јули да почне да работи со помладите кошаркари, кои сака најпрвин да ги види на дело пред конечно да го дефинира списокот на сите кошаркари на кои од нив би можел смета за работа во сениорскиот национален тим, кој два дена подоцна ќе ги отвори подготовките за претквалификацискиот турнир кој од 12-18 август ќе се одржи во Скопје.

На првиот тренинг, планиран да се реализира во сабота, со почеток од 10.00 часот, во салата на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје, се повикани:

– Максим Митевски (МЗТ Скопје Уни Банка), Димитар Иванов (МЗТ Скопје Уни Банка), Михаил Наумоски (МЗТ Скопје Уни Банка), Лука Савиќевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка), Андреј Андоновски (МЗТ Скопје Уни Банка), Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје Уни Банка), Лејсон Зекири (МЗТ Скопје Уни Банка), Виктор Ефремовски (Работнички), Валмир Какруки (Навико Академија ФМП), Андреј Настовски (Црн Дрим), Андреј Митревски (ТФТ), Иван Волкановски (Куманово 2009), Оливер Двојаковски (Навико Академија ФМП), Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија), Дино Боцевски (Стела Аѕура-Италија), Марко Миловановиќ (Јуви Кремона-Италија), Рубин Стефанов (Крабс Баскет Римини-Италија)

Оваа група на играчи ќе одработи четири тренинзи (во сабота и недела, од 10.00 и од 19.00 часот), по што селекторот Драган Бајиќ ќе определи кој од нив ќе бидат префрлени во сениорскиот состав.

Како што е веќе познато, без браќата Војдан и Дамјан Стојановски нашата селекција ќе игра во мундијалските претквалификации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот