Секуловски: Пелистер почна со единствена цел, враќање во Првата лига

Битолски Пелистер посакува да се врати во фудбалската елита/Фото: pelisterfk.mk

Пелистер денеска ги започна подготовките, а ма првиот собир одржан беше состанок на кој беа запознати сите со плановите и амбициите на клубот.

Тренерот на битолчани, Марјан Секуловски посакува да биде остварена главната цел, а тоа е враќање во елитата.

– Почнавме со единствена цел да бидеме оптимално подготвени за предизвиците кои што нè очекуваат во првенството. Амбициите се повеќе од јасни, а тоа е враќање во Прва лига. Во овој период ангажиравме пет искусни играчи и тоа битолчани на кои овој им е матичен клуб. Планирано е да се ангажираат уште двајца или тројца на позиции на кои сме дефицитарни. Ќе се подготвуваме во Битола, а контролни натпревари ќе играме во Битола, Охрид и Струга. Верувам дека почетокот на првенството ќе го дочекаме оптимално подготвени и комлетни со играчкиот кадар – вели Секуловски.

Претходно клубот ги договори Благоја Љамчевски, од Тиквеш, со прволигашко искуство. Потоа, дојде голманот Илче Петровски од Брегалница, а од штипскиот клуб е ангажиран и Филип Миленковски.

Продолжени се договорите со Борче Маневски, Петар Љамчевски, Јовче Трајковски и Филип Трајчевски. Ново засилување е и 28-годишниот Бурхан Мустафов, искусен прволигашки играч кој потекнува од школата на ФК Пелистер.

Исто така Пелистер се договори и со своите младинци да останат да ги бранат боите и понатаму на својот матичен клуб Бојан Стефановски, Стефан Ивановски, Мартин Андоновски, Христијан Торневски и Амир Фејзуловски.

Капитенот Христијан Драгарски останува верен на клубот, столбот на одбраната, а дефанзивниот дел го освежува Христијан Гроздановски кој претходно ги бранеше боите на Воска, Работнички и Силекс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот