Фото: Andor Bujdoso / Alamy / Alamy / Profimedia

Интимни пози што можат да заменат тренинг во вежбална: Акција што се памети – само за издржливите

Интимните односи можат навистина да ве изморат, а со тоа и да ви помогне да согорите неколку калории.

Па ако денеска ве мрзи да одите на вежбање, зошто да не го замените тренингот со секс во пози кои ќе ве изморат добро и ќе ви ги зајакнат мускулите?

Погледнете ги секс-позите кои можат да бидат замена за тренинг  – колку подолго траат, толку поголем ефект ќе имаат:

Кралица

Вашиот партнер нека легне на грб со раширени нозе, а вие седнете врз него.

Потоа испружете ја десната или левата нога назад.

Оваа „вежба“ нуди одлична стимулација на клиторисот, но и ги активира мускулите на нозете.

Мост

За оваа поза ќе треба да бидете малку поиздржливи.

Легнете на грб, свиткајте ги колената и поставете ги нозете во ширина на рамената.

Застанете во положба на мост и дозволете му на партнерот да си „игра“ со неговите прсти или, ако сте расположени за експериментирање, со вибратор.

Мачка

Ставете неколку перници и партнерот нека легне врз нив на грб. Застанете на колена, така што главата на партнерот ќе биде помеѓу вашите нозе.

Уште подобро е ако се навалите кон напред и се држите за лактите.

Оваа поза е одлична за мускулите на вашиот грб.

Кучешка

Овојпат станува збор за „doggy style“ поза, но со мала модификација – наместо на дланките, потпирајте се само на вашите лакти.

Обидете се да го држите грбот исправен и сигурно ќе го почувствувате активирањето на мускулите.

Столче

Оваа варијација на позата „каубојка“ е вистински тренинг.

Обидете се да не се држите со рацете или само потпирајте се минимално и не седнувајте целосно на партнерот. Всушност, вашата задача е да правите клекнувања.

Можеби на почетокот ќе ви биде малку тешко, но ако ја усовршите позата, повеќе нема да ви требаат други вежби за нозе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот